More

    Дури 63 отсто од компаниите бараат работници со стручни вештини кои ги нема на пазарот на трудот

    spot_img

    За 53 отсто од новите работни места бараат вештини со стручно образование, додека само 10 отсто бараат вештини стекнати низ системот на високото образовние. Дури 65 отсто од компаниите побаруваат стручен кадар кој пазарот на труд не го обезбедува заради повеќе децениска неусогласеност на  вештините со барањата на реалниот сектор, велат од Стопанската комора во која денеска почна да работи Совет за развој на тренинот и обуките.

    -Во услови на недостиг не само на стручен кадар туку воопшто на работници, особено што потребата од стручен кадар расте на глобално ниво, пазарот во светот е целосно отворен за компетентни и стручни работици, проблемот со образованието подолг период е еден од топ приоритетите на Комората.Токму затоа  ставајќи се во целосна функција на компаниите членки и согласно нивните потреби и услугите што ги креира во интерес на поддршка на бизнисот и економијата за зголемен економски раст, покрај другите активности започнува да дејствува и Советот за развој на тренингот и обуките – велат од Комората .

    Преку Советот за развој на тренингот и обуките, велат оттаму, Комората ќе даде придонес во обезбедување кадар за потребите на бизнисот преку ценатрите за  дуално образование, за преквалификација и доквалификација и за тренинг и обука како и преку пазарот на труд.

    Податоците на комората се дека  53 отсто од новите работни места бараат вештини со стручно образование, додека само 10 отсто бараат вештини стекнати низ системот на високото образовние.

    -Центарот за дуално образование е посветен на системска имплементација на дуалното образование како најефикасен начин за подготовка на млад стручен кадар со структурирано знаење и стручни вештини. Со фокус на реализација на практичната обука на реално работно место во самите компании преку искусни ментори и градење на култура на одржлива соработка на компаниите со средните стручните училишта, за да се воспостави рамнотежа на тоа што го бара бизнисот и кадрите што ќе се подготвуваат во училиштата – појаснуваат од Комората.

    Дури 65 отсто од компаниите побаруваат стручен кадар кој пазарот на труд не го обезбедува заради повеќе децениска неусогласеност на  вештините со барањата на реалниот сектор.

    – Центарот за преквалификација и доквалификација во соработка со компаниите се става во улога на обезбедување стручен и квалификуван кадар со 2, 3 и 4 ниво на квалификации во согласност со нивните потреби, врз основа на квалитетни и структурни анализи, подготовка на соодветни програми за обуки и обуки за преквалификација и доквалификација на лица за потребните вештини за работа во компаниите. На овој начин компаниите ќе можат да ги планираат своите идни вложувања во нови инвестиции и проширувања затоа што знаат дека имаат кадар кој ќе се вклучи во нивните нови работни процеси.

    Од комората велат дека е планирано берзата на труд да оди преку Веб порталот на Комората и тоа  ќе претставува спој на  понудата и побарувачката за кадар со соодветни квалификации, вештини и практично искуство согласно потребите на работодавачите, со опис на кадри и нивни вештини, а невработените лица ќе може да видат каков кадар им е потребен на компаниите.

    Значакно за процесот на обезбедување кадар за компаниите е и тоа што Центарот за тренинг и обуки ќе се стави во улога на реализација на обуки и работилници за унапредување на специфичните вештини на вработените во компаниите и за стручно оспособување и унапредување на знаењата на стручните кадри.

    – Со услугите кои ги нуди Комората на компаниите во различна форма имаат за цел подигнување на капацитетите на бизнисите во насока на поттикнување на конкурентноста и продуктивноста, што треба позитивно да се одрази на вкупната економска активност – велат од Комората.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img