More

    Дортмунд без помош на стрелец во Мадрид брка полуфинале во Лигата на шампионите

    spot_img

    Себастиен Халер, фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, нема да може да игра за Борусија Дортмунд во следните три недели поради повреда на скочниот зглоб, изјави тренерот на неговиот тим Един Терзиќ.

    „За жал, Халер повторно го повреди скочниот зглоб на последниот првенствен натпревар во Менхенгладбах. Претпоставуваме дека ќе биде надвор од тимот три недели“, рече Терзиќ во најавата за реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

    Борусија (Д) овој вторник на домашен терен го пречекува Мадрид откако Атлетико на домашен терен победи со 2:1. Халер го постигна единствениот гол за Борусија.

    Оваа година Халер беше голема ѕвезда за Брегот на Слоновата Коска на африканското првенство, каде што ги постигна сите клучни голови за таа репрезентација во финалето на турнирот и ја доведе до шампионската титула. Тој го постигна единствениот гол во полуфиналната победа од 1:0 против ДР Конго, како и клучниот гол во финалето со кој Брегот на Слоновата Коска ја совлада Нигерија со 2:1.

    Халер ќе и недостига на Борусија (Д) на реваншот против Атетик, а бундеслигашот речиси сигурно ќе настапи без повредениот дефанзивец, Алжирецот Бенсебаини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img