More

    Доколку биде уапсен, рускиот претседател Владимир Путин во Хаг би можел да изнесе тајни информации за „непријатните“ зделки меѓу Москва и западните држави

    spot_img

    Доколку биде уапсен, рускиот претседател Владимир Путин во Хаг би можел да изнесе тајни информации за „непријатните“ зделки меѓу Москва и западните држави, што е причина зошто тој нема да стигне до Хаг, или ќе биде сменет или убиен претходно, смета Влад Михненко, експерт за Источна Европа од Универзитетот Оксфорд.

    За Њузвик Михненко открива дека единствена можност за апсење на Путин е тој да отпатува во некоја земја каде е на сила регулативата на Меѓународниот кривичен суд(МКС), но дека такво нешто нема да се случи.

    Една од ретките можности би била, на пример, следниот самит на земјите од БРИКС овој август во Јужна Африка.

    – Бидејќи Кремљ е, под број еден, параноичен за безбедноста на Путин и под број два, верува дека САД управуваат со светот, Путин нема да стапне на територијата на земја членка на МКС за да избегне каква било непријатност – рече Михненко, додавајќи дека Путин најверојатно нема да ризикува да оди во Душанбе, во Таџикистан или во Јужна Африка.

    Сепак, Михненко верува дека Путин би можел да биде уапсен и испратен на суд во Хаг доколку домашните руски елити сакаат преку апсењето тој биде отстранет од власт.

    Ако некој го уапси Путин, тоа ќе бидат неговите „силовики“

    Ако по некоја случајност Путин западне во неволја, тоа би било дело на „силовиките“, елитна група на руски бизнисмени и лидери, смета аналитичарот.

    – Може лесно да се смисли замена, човек, кој дури може да вети „ќе се одмазди“ за загубата на драгиот лидер, но само за да направи шоу – рече тој.

    Борис Бондарев, поранешен руски дипломат кој јавно поднесе оставка поради инвазијата на Украина минатата година, исто така за Њузвик минатиот месец изјави дека Путин може да биде сменет и дека на крајот може да биде принуден да се повлече доколку ја изгуби војната против Украина.

    – Путин може да биде заменет. Тој не е суперхерој. Тој нема никакви супермоќи. Тој е обичен диктатор – рече Бондарев.

    фото: твитер/принтскрин

    Или замолчен или убиен пред да стигне до Хаг

    Михненко направи споредба меѓу Путин и апсењето на Слободан Милошевиќ, кој беше обвинет во 1999 година од претходникот на МКС, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.

    – Откако ја загуби власта дома, новиот српски лидер, за да ги обнови односите со Западот, го предаде Милошевиќ на Трибуналот во Хаг – рече Михненко.

    – Мислам дека лидерите по Путин би можеле да го направат истиот трик за повторно воспоставување на односите со Западот – додава тој.

    Меѓутоа, во ова сценарио, Путин можеби нема да стигне до Хаг.

    – Со оглед на широките врски на Путин низ Европа и она што тој потенцијално би можел да им го каже на судиите за корупцијата и непријатните зделки меѓу Москва и главните западни престолнини, ќе има многу причини тој да биде замолчен пред да стигне до Хаг – рече Михненко.

    Сите држави на МКС, вклучително и секоја членка на Европската унија, повеќето африкански држави, сите латински и јужноамерикански држави, освен Куба и Никарагва, па дури и Таџикистан, се законски обврзани да го уапсат Путин доколку тој некогаш стапне на нивната територија, Центарот за европски Политичка анализа (CEPA) забележа.

    Не е само Путин, многу функционери останале неуапсени

    Унгарските власти неодамна се огласија дека доколку Путин стапне во нивната земја, тој нема да биде уапсен бидејќи наводно, статутот на МКС не е во сила таму. Ваквата изјава ја даде шефот на кабинетот на премиерот Орбан.

    Реакции на налогот за апсење на Путин имаше и од Кремљ. Поранешниот претседател и сегашен висок советник Дмитриј Медведев изјави дека апсењето би предизвикало нуклеарна војна со Русија.

    Михненко рече дека налогот за апсење на МКС го направи Путин „исклучително ранлив“ и „понижен“ во самата Русија.

    МКС нема своја полиција за да ги спроведува обвинетите, па често тие остануваат на слобода. Таков е случајот со поранешниот судански водач Омар ал-Башир кој имал два налози од 2009 и во 2010 година и притоа посетувал земји-членки на МКС.

    Поранешниот британски премиер Тони Блер пет пати имал инцидент каде граѓани во разни земји сакале „да го уапсат“ поради наводните воени злосторства за окупацијата на Ирак во 2003 година, иако налог од МКС немало.

    Во последниот таков инцидент, се работело за шанкер од источен Лондон, кој го фатил Блер за рамото во еден бар и му рекол да го следи до полициската станица. Блер одбил.

    Македонија, заедно со Германија, е меѓу земјите-членки кои рекоа дека ќе го уапсат Путин ако стапне на нивна територија. Ерменија најави дека ќе го уапси Путин иако земјата е во добри односи со Русија.

    МКС го издаде налогот за апсење на 17 март. Путин е обвинет за воени злосторства, меѓу кои депортацијата на украински деца во Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img