More

    Министерката Петровска му одговори на Ковачки за наводниот стручен наод

    spot_img

    „За таа лага ќе се видиме на суд, а многу брзу ќе се видиме и за најновата за Косово“.

    Вака му одговори министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој претходно во Собранието зборуваше дека таа треба да биде разрешена бидејќи, наводно, рацете ѝ се треселе, не можела да задржи мисла и дека ѝ била препишана терапија со седативи.

    – Според специјалистот-психијатар, во психичкиот статус на Министерот која сама-доброволно се јавила и доброволно ги вршела психијатриските прегледи се констатира дека има оптеретен мисловен процес. Покрај оваа состојба на намалени когнитивни функции, на министерката ѝ е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи – изјави Ковачк цитирајќи вешта наод и мислење од психијатар за кое рече дека е од 16 февруари годинава.

    Ковачки упати прашање до премиерот Ковачевски дали ќе ја разреши Петровска врз основа на мислењето на психијатарот, потсетувајќи дека според членот 4 од Законот за класифицирани информации таа не може да ја извршува оваа функција поради наводната психолошка состојба.

    Министерката за одбрана најави тужба за Ковачки за овие наводи, што ќе биде втора тужба, по обвинувањата на пратеникот дека преставници на военото разузнување биле уапсени во Косово додека биле таму во тајна мисија.

    Петровска покажа официјален допис од косовските власти во кој како што рече стои дека таков настан воопшто не се случил, порачувајќи му на Ковачки дека, ако има сомнеж во нејзиниот капацитет да ја води одбраната да покрене интерпелација за неа, место да бара од премиерот да ја разреши со тврдењето дека била ментално и психички нестабилна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img