More

    Договорени се девет хуманитарни коридори за евакуација на луѓе од Мариупол

    spot_img

    Украинци ќе ги напуштат опколените источни региони, откако за денеска се договорени девет хуманитарни коридори од украински и руски официјални лица.

    Коридорите ќе се користат за евакуација на луѓе од Мариупол, како и други југоисточни градови до Запорожје, но и за жители од регионот Луганск до Бахмут.

    Украинските власти ги засилија своите напори да евакуираат жители и од Донбас, додека воената офанзива на Русија се префрла на исток од земјата.

    Претходно, болнички воз управуван од медицинската добротворна организација Лекари без граници, евакуираше 48 ранети пациенти во Лавов на запад.

    Инаку, од почетокот на војната во Украина во Полска влегле 2.675.000 лица, соопшти денеска Полската погранична стража.

    Бројот луѓе што ја минуваат границата со Полска последните седмици значително опадна, додека расте бројот на оние што се враѓаат во Украина.

    Во текот на вчерашниот ден во Полска влегле 28.500 лица, два отсто помалку споредбено со саботата. Тоа е значително помалку од рекордот поставен на 6 март кога границата ја минаа 142.300 бегалци од Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img