More

    Маж застрела двајца полицајци, откако беше приведен за семејно насилство

    spot_img

    Маж нападнал жена во стан со моторна пила, а потоа застрелал двајца полицајци во полициска станица во Париз.

    Повредените полицајци се пренесени во болница во тешка состојба, која кај еден останала критична и по лекарската интервенција, изјави полициски извор. Тешко ранет е и напаѓачот, кој бил погоден со истрел како одговор на неговото пукање.

    Инцидентот се случил нешто пред 22.30 часот во дел од 13-та област.

    Напаѓачот го земал оружјето од полицаецот и почнал да пука. Тој е приведен за семејно насилство.

    Мажот, чие име не се споменува, е уапсен поради „екстремна суровост“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нунез.

    – Полицијата интервенираше и го донесе овде, но тој го украде оружјето од полицаец и тешко повреди двајца полицајци – рече Нунез.

    Париското обвинителство соопшти дека отворило три истраги против напаѓачот – за обид за убиство на жена, за обид за убиство на службени лица и за намерно насилство со оружје врз службено лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img