More

    Еве која е Еден Голан, пејачката која крена прашина

    spot_img

    Синоќа се одржа втората полуфинална вечер на најголемиот музички натпревар Евровизија 2024, на кое настапија 16 земји, од кои само 10 продолжија во финалето што ќе се одржи в сабота во Малме, Шведска.

    Претставничката на Израел, Еден Голан синоќа настапи под регуларниот број 14, а публиката ја исвиркуваше на почетокот на нејзиниот настап. Сепак, по свирежот, толпата се смири и навиваше за Еден.

    Дали воопшто требаше да се одржи настапот на Израел беше голема полемика изминатите денови бидејќи изборот за „Песна на Евровизија“ годинава се одвива под сенката на војната во Газа и пропалестинските демонстрации во Малме, Шведска.


    На Еден Голан, пејачката која ја претставува Израел, ѝ беа упатени закани, што ЕБУ брзо го осуди.

    Имено, Еден Голан, според информациите од „Википедија“ е родена на 5 октомври 2003 година.

    Еден Голан е родена во Кфар Саба, Израел. Кога имала шест години, таа и нејзините родители трајно се преселиле во Москва поради работата на нејзиниот татко, каде што поминала 12 години.

    И двајцата нејзини родители се родени во Советскиот Сојуз во семејства со еврејско потекло. Нејзиниот дедо, Јуриј, дипломирал на Факултетот за новинарство на Московскиот државен универзитет и работел за весникот „Советска младина“. Голан има помлад брат Шон.

     


    Инаку, на претставничката на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, Еден Голан, ѝ е порачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија, поради пропалестинските протести во шведскиот Малме, градот каде што се одржува натпреварот.

    Од полицијата ѝ рекле да остане надвор од очите на јавноста освен за време на настапот, објави „Јуронуз“.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img