More

    Доби уште 2,5 милиони евра од владата, надвор од редовното субвенционирање

    spot_img

    Со одлука на Министерството за транспорт и врски, на А.Д. Македонски железници -транспорт вонредно му се доделени 2,5 милиони евра за исплата на плати и враќање на долговите, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт.

    „Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари, кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање обврски кон други доставувачи на „МЖ– транспорт АД Скопје, се вели во владината одлука донесена на седница на 13 февруари.

    Владата на 10 ноември лани исто така му исплати вонредни 16 милиони евра на претпријатието Македонски железници – транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Владата ова го направи преку четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, со која претпријатието издаде 962.913 обични акции, при што продажната цена по акција беше еднаква со номиналната и изнесуваше 1.000 денари по акција.

    Овие рекордни 962.913.000 денари се пари што железничкото претпријатие ги доби наменски, надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

    МЖ – транспорт е постојано при врвот на листата на должници, а често се случува машиновозачите да штрајкуваат и протестираат поради неисплатени плати.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img