More

    Димитар Ковачевски-СЕДНИЦАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ КОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ

    spot_img

    Пленарната седница на Собранието во однос на усвојувањето на амандманите за уставни измени започна и ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат соодветни услови, во однос на бројот на пратениците коишто би поддржале таков процес, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

    Прашан дали може да се очекува до јануари да продолжи собраниската седница за уставни измени, со оглед дека следната година започнуваат внатрешни избори во Европската Унија, Ковачевски рече дека ова прашање е особено важно, со оглед на изборите кои следат.

    – Сега е моментот кога се носи ваква одлука, со оглед на тоа дека идната година и Европската Унија оди на избори и Соединетите Американски Држави одат на избори и Северна Македонија оди на избори. После тоа ќе се прави нова Комисија, нови тела на ЕУ, што секако дека тој процес ќе го одолговлечe во недоглед – изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово.

    Меѓутоа, нагласи Ковачевски, „ние сме виделе како изгледа чекање и неносење одлуки“, посочувајќи дека „некој овде 11 години сакаше да промовира и продава културно-историски и финансиски патриотизам“.

    – Да ги подгрева чувствата на граѓаните, кои што се одразија негативно и на нашите односи со соседите, а се одразија негативно и на односите внатре во општеството и државата стана од лидер на интеграции, заедно со Хрватска пред 17 години, заробена држава, хибриден режим, 140-та по слобода на медиуми во светот со економски перформанси, кои што беа исклучително ниски и двојно полоши од тоа што го имаме денеска – изјави Ковачевски.

    Политиката што 11 години се водеше, според Ковачевски даде само непосакувани резултати, додека политиката на интеграција покажува какви резултати и позитивни ефекти може да има врз граѓаните, државата и врз животниот стандард.

    – Затоа треба по тој пат да продолжиме. Друга алтернатива нема – изјави Ковачевски.

    Во однос на тврдењето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, дека гласањето за уставните измени треба да биде најдоцна денеска, Ковачевски рече дека Владата не раководи со седниците на Собранието, туку тоа го прави претседателот на Собранието и тоа прашање е за него.

    – Во однос на толкувањето на Деловникот ќе ве повикам да разговарате со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со оглед на тоа дека Владата не раководи со седниците на Собранието, туку тоа го прави претседателот на Собранието, а колку добар претседател на Собрание бил Трајко Велјановски, тоа можевме да видиме на 27 април – изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img