More

    МНР ГИ ДОСТАВИ ДОКУМЕНТИТЕ ОД ТЕНДЕРОТ ШТО ГО ДОБИ ДОНАТОРОТ НА ДУИ

    spot_img

    Целосната документација за јавната набавка за реконструкција и адаптација на салата „Борис Трајковски” за потребите на конференцијата на ОБСЕ денеска е доставена до Државната комисија за спречување корупција и до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, соопшти Министерството за надворешни работи.

    „Во оваа прилика, Министерството апелира до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста“ – се вели во соопштението.

    Според МНР, нема нерегуларности во постапката, која е неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ.

    „Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација“ – се вели во соопштението на МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img