More

    Џенифер Анистон се појави во краток фустан кој го запира сообраќајот и покажа извајана фигура

    spot_img

    Џенифер Анистон направи метеж кога се појави во мини сребрен фустан на премиерата на филмот во Лос Анџелес.

    Актерката пред самото појавување откри малку од атмосферата од подготовките од нејзиниот дом. Таа веќе ги остави без здив нејзините следбеници, појавувајќи се во блескав краток фустан, кој го откри нејзиното совршено затегнато тело. Со право може да се каже дека Џенифер Анистон не старее, и дека на 53 години го одзема здивот.

     

    Џенифер во видеото покажа што ќе облече за таа пригода, а се одлучила за фустан од проѕирна ткаенина, покриен со сребрени, сиви и црни ленти од монистра. Ова секси парче го спои со црни сандали на високи потпетици, кои ги истакнаа нејзините витки нозе. За накит одбра сребрени обетки и прстен, а косата ја стилизираше на својот препознатлив начин.

    Шминката со природен изглед одлично се совпадна со овој стил, таа носеше розево руменило и сјај на усните, додека за очите се одлучи за сива сенка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img