More

    Џеф Безос ја запроси девојката со прстен од 2,5 милиони долари

    spot_img

    Мултимилијардерот Џеф Безос (59), основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, долго време е во љубовна врска со раскошната новинарка Лорен Санчез (53), со која неодамна уживаше во Италија.

    Сите светски медиуми ги објавија фотографиите на кои тие пловат со неговата јахта вредна 500 милиони, а огромно внимание привлече и бујната Лорен која позираше во танга бикини.

     

    Сега повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат поради прстенот кој блескаше на нејзината рака.

    Џеф Безос ја запроси својата избраничка со дијамантски прстен од 2,5 милиони долари токму на неговата јахта, а папараците сега успеаја да го фотографираат одблиску.

    Лорен за оваа прилика облекла шарен, мини фустан, додека нејзиниот партнер Џеф бил во летни панталони и шарена кошула…

    Освен што е свршеница на славниот богаташ, Лорен Санчез внимание привлекува и со својот изглед. На фотографиите кои можеме да ги видиме последниов период, се гледа како парот ужива на јахта и во сиот луксуз што го поседуваат.

    Поради тоа многумина велат дека Лорен е среќничка поради тоа што го „уловила“ милијардерот.

    Откако се разведе и почна јавно да излегува со својата некогашна љубовница, Џеф Безос целосно се промени. Почна да вложува во својот изглед, а покрај теретаната многумина сметаат дека направил и естетски зафати за подмладување на лицето.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img