More

    Девојка убила шест лица, меѓу кои три деца

    spot_img

    Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.

    Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена (28 години) убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер.

    Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“.

    Пукањето се случило во училиштето Ковенант.

    Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни.

    Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img