More

    Девет други обвиненија тежат во досието на првоосомничениот Екрем Реџепи за силувањето на 11-годишно девојче на Косово кое го крена регионот на нозе

    spot_img

    Девет други обвиненија тежат во досието на првоосомничениот Екрем Реџепи(26) за силувањето на 11-годишно девојче на Косово кое го крена регионот на нозе. Додека сите пет силувачи кои седум часа го вршеле грозоморниот чин сега се зад решетки, обвинителството води истрага, пишува Коха. Еден од силувачите е  16-годишниот брат на Реџепи кој е во бегство.

    Во мај 2019 година Реџепи бил осуден на една година затвор и парична казна од 400 евра за кривично дело кражба. Само четири месеци подоцна, судот го отфрли обвинението за „шумска кражба“ поради апсолутна застареност на случајот, јавува Косово онлајн.

    Во декември 2020 година, истиот суд го прогласи осомничениот за виновен за семејно насилство, осудувајќи го на шест месеци затвор и парична казна од 300 евра. Тој не отишол во затвор, бидејќи казната била условна.

    Граѓаните се вознемирени и протестираат во Приштина, во Скопје и во Тирана. Голем дел од протестирачите бараат смртна казна за силувачите. Во Скопје на протестот одржан кај плоштадот Скендербег повеќе активисти зедоа збор. Грозоморниот чин предизвика

    Додека малолетничката била во паркот, ѝ пришле три лица, при што почнале вербално да ја малтретираат. Жртвата продолжила да оди, но потоа еден од осомничените почнал да ја допира.

    „Потоа, како што раскажува жртвата, тие продолжиле да ја следат и еден од нив ја влечел по аголот каде што почнале да ја соблекуваат. Кога жртвата почнала да вреска, тие ѝ ја покриле устата и ја силувале. Жртвата изјавила дека откако еден ќе запрел, друг продолжувал“, се наведува во описот на случајот што го подготви обвинителството.

    Потоа, според неа, пристигнало возило „пикап“ со две лица кои седеле позади. Таа изјавила дека и возачот на автомобилот ја принудувал на секс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img