More

    Дејан Станковиќ го презема Интер доколку Инзаги добие отказ?

    spot_img

    Поранешниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ е еден од кандидатите за преземање на Интер доколку тренерот на миланскиот клуб, Симоне Инзаги добие отказ, пренесува „Тутоспорт“.

    Интер во првите пет кола од Серија А оствари три победи и забележа два порази, а Нероазурите моментално се на осмото место на табелата со девет бодови. Миланскиот клуб стартуваше со пораз во Лигата на шампионите од екипата на Баерн (0:2).

    Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Интер одржале итен состанок со Инзаги на кој му бил даден ултиматум. Клубот од Милано мора да победи во следните три натпревари против Лацио, Удинезе и Викторија Плзен.

    Интер во Серија А ќе игра со Лацио и Удинезе, а на „нероаѕурите“ треба да освојат шест бода за да останат во шампионската трка. Исто така, Интер мора да ја победи Викторија во Лигата на шампионите за да ги задржи шансите за пласман во осминафиналето од ова клупско натпреварување.

    „Доколку не успее да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите, Интер мора да обезбеди пласман во Лига Европа, која е финансиски профитабилно натпреварување. Исто така, освојувањето на ЛЕ носи пласман во Лигата на шампионите“, пишува италијанскиот весник.

    „Тутоспорт“ истакнува дека челниците на Интер му повториле на Инзаги дека има поддршка за да постигне добри резултати во наредниот период.

    „Интер до сега не размислуваше за други тренери, бидејќи нема добри понуди на пазарот. Маурицио Покетино е прескап, додека Роберто де Зерби не би се вклопил во миланскиот клуб. Дејан Станковиќ, кој неодамна си замина од клупата на Црвена Звезда, би бил полн погодок за Интер доколку Инзага добие отказ. Тој сигурно би одговорил на поканата на својот поранешен клуб. Сепак, сите во Интер се надеваат дека Инзаги е сегашноста и иднината на клубот“, заклучува „Тутоспорт“.

    Станковиќ (43) играше за Интер од 2004 до 2013 година. За миланскиот клуб постигна 42 гола на 326 натпревари, а со миланскиот клуб освои 15 трофеи.

    Станковиќ ја презеде Црвена Звезда во декември 2019 година, а пред неколку недели реши да поднесе оставка, бидејќи не успеа да ги одведе „црвено-белите“ во Лигата на шампионите. Со Звезда освои три последователни титули во српската Суперлига, како и два Купа на Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img