More

    Дали знаете што значи стрелката на индикаторот за нивото на гориво на таблата со инструменти?

    spot_img

    Многу возачи не го знаат значењето на малата стрелка што се наоѓа во речиси секој автомобил на контролната табла во близина на индикаторот за нивото на гориво на возилото.

    Тоа е мал, необележан триаголник кој обично се наоѓа веднаш до иконата за гориво и може да покажува десно или лево, пишува City Magazine.

    Стрелката е особено корисна кога сме зад воланот на изнајмено возило и треба да наполниме гориво, а покажува на која страна од автомобилот е вратата на резервоарот.

    Со помош на оваа функција на наједноставен начин можеме да дознаеме каде да го паркираме возилото за што полесно да се наполни гориво. Интересно е што сè уште нема генерален договор меѓу производителите на автомобили на која страна од автомобилот треба да се наоѓа вратата на резервоарот.

    Оваа стрелка првпат беше претставена во автомобилите на Ford’s Escort и Mercury Tracer во 1989 година, а на крајот беше копирана од сите други производители на автомобили, иако нема регулативи што го бараат тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img