More

    Дали новата студија ќе стави крај на различните тврдења за потеклото на коронавирусот?

    spot_img

    Тим на истражувачи во Кина објави анализа на примероци земени пред повеќе од три години на пазар во Вухан, што е поврзано со почетокот на пандемијата на коронавирус.Студијата, чии резултати беа објавени оваа недела во списанието Nature, покажа дека брисевите позитивни за коронавирус содржат и генетски материјал од диви животни, јавува Би-Би-Си.

    Тоа е прва рецензирана студија за биолошки докази собрани во 2020 година од пазарот Хуанан, каде што се продавале морски плодови и диви животни, и кој е во центарот на потрагата по потеклото на коронавирусот.

    Поврзувањето на коронавирусот со дивите животни што се продаваат на тој пазар може да отвори нови прашања во истрагата за појавата.

    Некои научници велат дека ова е дополнителен доказ дека болеста првично преминала од заразено животно на луѓето, но други повикаа на претпазливост во толкувањето на наодите. Во срцето на втората теорија е ставот дека вирусот случајно истекол од лабораторија во Вухан.

    Кинескиот истражувачки тим објави првична верзија на студијата уште во февруари 2022 година, но таа не ги вклучи сите податоци за генетскиот материјал од примероците собрани од пазарот.

    Анализата вклучува поважни детали за содржината на овие примероци, собрани од тезги, површини, кафези и машини на пазарот.

    Студијата на кинески истражувачки тим покажа дека некои примероци, земени на делот од пазарот каде што се продава дивеч, се позитивни на коронавирусот.

    Нивната анализа покажала и дека на тие локации се продавале живи животни, особено кучиња од ракун, за кои сега се знае дека се подложни на вирусот.

    Кинеските истражувачи, сепак, истакнуваат дека нивните наоди не претставуваат дефинитивен доказ за тоа како започнала епидемијата.

    „Овие примероци не можат да докажат дека животните биле заразени“, се наведува во написот.

    Во написот се додава дека останува можноста вирусот да е внесен на пазарот од заразено лице, а не од животно.

    Анализата е објавена во време кога се чини дека теоријата за истекувањето на вирусот од лабораторијата во Вухан има се повеќе поддржувачи меѓу американските власти.

    Кинеската влада силно ги отфрла наводите дека корона вирусот потекнува од лабораторија, додека американското Федерално биро за истраги (ФБИ) наведува дека сега верува дека ова сценарио е „најверојатно“, како и американското Министерство за енергетика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img