More

    Четиринаесетгодишно девојче кое во 2021 година било пријавено за исчезнато, е пронајдено живо и врзано во плакар во куќа во Порт Хурон, Мичиген, САД

    spot_img

    Четиринаесетгодишно девојче кое во 2021 година било пријавено за исчезнато, е пронајдено живо и врзано во плакар во куќа во Порт Хурон, Мичиген, САД.

    Откако било пронајдено девојчето било однесено на преглед во болница, каде било утврдено дека таа е бремена неколку месеци.

    – Беше многу вознемирена, плачеше. Беше многу исплашена. Не беше сигурна што ќе ѝ се случи – изјави детективот Роберт Ватсон.

    Исчезнувањето на девојчето го пријавил нејзиниот татко пред година ипол. Властите успеале да влезат во трага на исчезнатото девојче по дојавите за сомнителни дејствија во објектот во кој е најдено.

    Социјалните служби го контактирале таткото, кој бил среќен што ја пронашле жива неговата ќерка.

    – И девојчето беше среќно што повторно се соедини со нејзиниот татко. „Сакам да бидам со татко ми. Сакам да бидам со татко ми“, постојано повторуваше таа –  додава Ватсон.

    Во меѓувреме, против мајката на девојчето, која имала старателство над неа,  е покренато обвинение за киднапирање и подведување.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img