More

    Лукашенко стравува од нуклеарна апокалипса

    spot_img

    Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека не треба да се дозволи да избие Трета светска војна бидејќи во спротивно нуклеарна апокалипса е неизбежна, објави Б92.

    – Треба да направиме сѐ за да ја спречиме Третата светска војна. Во спротивно, нуклеарна апокалипса е неизбежна. Затоа сите треба да се обединиме – рече Лукашенко на церемонијата на положување цвеќе на Споменикот на победата како дел од патриотската кампања „Белорусија се сеќава“ во Минск.

    Тој посочи дека човештвото веќе еднаш во својата историја успеа да се обедини против општото зло, што довело до победа.

    Лукашенко додаде дека колективниот Запад, исто како и пред почетокот на Втората светска војна, е подготвен на секое зло за да ги зачува доминацијата и личниот профит.

    По повод заедничките воени вежби меѓу Москва и Минск за употреба на тактичко нуклеарно оружје, Лукашенко изјави дека Русија и Белорусија немаат намера никого да нападнат.

    Претходно рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Белорусија ќе и се придружи на Русија во втората фаза од вежбите за тестирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје.

    Лукашенко и во други наврати ја спомнал опасноста од Трета светска војна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img