More

    Бугарскиот академик Атанасов со различни ставови од тие на официјална Софија

    spot_img

    Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов се на дното, а за тоа придонесоа иницијативите за отварање на т.н. културни клубови во двете земји. Кампањата на провокации ја започна Бугарија, односно бугарскиот претседател, но вината е и од двете страни на границата. Потребно е да покажеме зрелост и капацитет нештата да не бидат такви – смета Димитар Атанасов од Институт за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј при Бугарската академија на науките.

    Тој учествуваше на завршната конференција: „Демистифицирање на (не)соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“, во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии – Скопје, што се одржа денеска во Скопје.

    – За жал сметам дека односите во последно време многу се влошија, особено со иницијативите за отворањето на т.н. културни клубови во двете земји, бидејќи се покажа дека тие се искористија како средство за провокација. За жал, ќе кажам дека Бугарија започна, односно од бугарска страна започна кампањата на провокации, Македонија одговори, што исто така не е во ред, но односите во моментов можеби се на дното. Оттука натаму од нас зависи да започнеме да ги подобруваме – вели Атанасов

    Тој смета дека Бугарија треба да дозволи преговори на земјава со ЕУ без условување со внесување на Бугарите во Уставот.

    – Тука моето мислење е обратно од она на бугарската страна. Јас сметам дека впишувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е апсолутно бесмислена работа, т.е и со и без него Бугарија треба да дозволи преговори на Северна Македонија за во ЕУ. Ако погледнеме историски, и двете страна аргументираат за историски тези. Ако погледнеме на историските личности, Гоце, Даме, тие сакале на Осоговските Планини да нема граници, тие сакале Деве Баир и Ѓуешево да бидат само две села и ништо повеќе и меѓу нив да се минува слободно. Бидејќи ние сме различни, но доволно блиски. Она што го можат Италијанците, Шпанците и Французите, зошто да не го можеме и ние, Бугарите и Македонците – подвлекува Атанасов.

    Во однос на ликот и делото на Гоце Делчев кој е камен на сопнување меѓу двете земји, Атанасов вели дека Делчев самиот кажал што е.

    – Од историска гледна точка Гоце Делчев работел за слободата на Македонија и тој на неколку места во своето архивско наследство споменува дека сака на таа територија да се уреди македонска држава. Од таа гледна точка тој е политички Македонец, неговите погледи се во основата на современата македонска држава. На неколку места, исто така, тој споменува и дека е етнички Бугарин. И меѓу двете нема противречности, тоа не го прави ниту помалку политички од една страна, ниту помлаку етнички од друга страна. Би можеле да го гледаме идентитетот на еден модерен начин, преку современ пристап кој дава можност според академските стандарди и според изворите со кои што располагаме. Да не се караме. Гоце Делчев многу добро кажал кој е и која е неговата кауза, за што се борел – вели Атанасов.

    Според него, сепак, и од двете страни на границата има политички субјекти, партии и институции, на коишто во нивен интерес е односите да бидат се полоши.

    – Знаеме дека и од двете страни на границата има партии со кратенката ВМРО, од едната страна, од македонската страна тоа е партија која е постојан претендент за власт и тоа е едно од нивните основни пораки – етнонационализмот. Во бугарскиот случај, не зависиме од тоа бидејќи партијата ВМРО веќе е маргинална, и не е сигурно дали ќе влезе во Парламентот, всушност мрежите на некогашните тајни служби, од кои дел се и бугарски институции во моментов, не престануваат да ги влошуваат односите при што на чело на кампањата во последно време, одново застана на моја огромна жал, бугарскиот претседател. Вината е и од двете страни на границата, но имаме многу да направиме за да не е така, и се надеваме да покажеме зрелост и капацитет нештата да не бидат такви – вели Атанасов.

    Тој оценува дека во однос на стабилизирање на односите меѓу двете земји не треба да се користат изборите во Бугарија како алиби. За тоа колку може ЕУ да помогне за релаксирање на реалациите Скопје – Софија, смета дека Унијата помогна колку што можеше, но дека на двете земји останува задачата да ја завршат работата.

    – Јасно е дека нашите европски партнери можат да помогнат, но нема да ни ја завршат работата. Ние не сме деца, треба да покажеме дека во двете општества има зрелост, да се разбереме, да се зближиме, бидејќи ние на Балканот сме најблиски – вели бугарскиот историчар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img