More

    Допатуваа 138 туристи од земјите од Бенелукс

    spot_img

    Со чартер-лет од Амстердам денеска на охридскиот аеродром допатуваа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку пакет аранжмани на туристичката агенција „ТУИ Аркетравел“ ќе летуваат на охридската ривиера.

    Со првиот лет сезонава до Охрид допатуваа 138 туристи кои ќе бидат сместени во некои од сместувачките капацитети со кои соработува „ТУИ“.

    Предвидено е во текот на летната сезона до крајот на септември агенцијата „ТУИ“ да реализира 62 лета на до Охрид, со можност за воведување дополнителни летови зависно интересот.

    На 12 мај исто така со лет од Амстердам веќе допатуваа и првите туристи кои имаа закупено аранжмани преку агенцијата „Корендон“, која за оваа сезона засега има предвидено да реализира 32 лета од Холандија за Охрид.

    Холандските туристи се меѓу најбројните на охридската ривиера, во голем дел благодарение на холандскиот писател А. Ден Доолард која во својот роман „Свадбата на седумте цигани“, кај нас преведен како „Свадба во Охрид”, пишува за неговиот престој во Охрид и неговата богата историја и културно наследство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img