More

    Бугарската држава ќе ги поддржи клубовите на Бугарите во Република Северна Македонија

    spot_img

    Бугарската држава ќе ги поддржи клубовите на Бугарите во Република Северна Македонија, изјави висок претставник на бугарското Министерство за надворешни работи.

    – Кога ќе стапи во сила Законот за здруженија зависи од тоа кога ќе биде објавен во Службен весник на Република Северна Македонија. Сигурно ќе се забранат клубовите, прашање е дали ќе се изнуди промена на името. Не можеме да одговориме на тоа бидејќи тоа ќе биде одлука на секој од овие клубови. Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи – изјави главниот експерт во бугарското Министерството за надворешни работи Жељазко Радуков на редовен брифинг со новинарите.

    Законските измени стапуваат на сила од 16 ноември, а на бугарските клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ ќе им се остави време да ги променат имињата. Во меѓувреме, од македонска страна има најави дека Законот за здруженија на граѓани и фондации ќе биде испратен на анализа во Венецијанската комисија.

    – Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот – практично не, затоа што – пред се, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни. Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот сè уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен. Во оваа смисла, ги сметаме за неодржливи сите уверувања што ги слушаме од Северна Македонија дека Венецијанската комисија веројатно ќе го запре спроведувањето на овој закон – рекол Радуков, пренесува БГНЕС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img