More

    Брнс им порача на судиите да прават повеќе од она што се очекува од нив

    spot_img

    Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и порача дека за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира.

    – Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на Еуротинк покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случаи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија – рече денеска Брнс, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје.

    Таа додаде дека за да ја заслужи почитта од своите граѓани, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите.

    – Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата – рече Брнс.

    Амбасадорката се осврна и на руската инвазија на Украина.

    – Додека ние сме среќни да бидеме тука заедно, не можеме да игнорираме дека Украинците храбро ги бранат своите граѓани, сувереноста и демократијата против руската брутална агресија. Како што кажа претседателот Бајден, демократиите реагираа добро, и светот јасно ја избра страната на мирот и безбедноста. И затоа САД ве поддржува тука денеска – да промовираме мир, безбедност и стабилност – кажа Брнс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img