More

    Британско разузнавање: Уништи уште еден моќен руски радар, тешко ќе дојде до нови

    spot_img

    Украинските специјални сили објавија видео од уништувањето на рускиот радар против батерии ZOOPARK-1M во регионот на Доњецк, се наведува во новиот извештај на британската разузнавачка служба.

    Напорите за уништување на непријателските радари против батерии се во тек на двете страни од почетокот на војната.

    Иако се присутни релативно мал број од овие системи, тие значително ја зголемуваат моќта на нивните воени сили. Тие им овозможуваат на командантите брзо да ја лоцираат и таргетираат непријателската артилерија. Од друга страна, бидејќи оставаат активен електромагнетен сигнал, лесно се откриваат и уништуваат.

    Според извештајот, Русија досега изгубила најмалку шест такви системи, а се чини дека има многу ограничен број од нив во Украина.

    Стекнувањето на нови радари против батерии е клучен приоритет и за Русија и за Украина, но на Русија веројатно ќе и биде потешко да се справи со тоа бидејќи овие системи бараат високотехнолошка електроника, чие снабдување е нарушено поради воведените санкции.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img