More

    Британија ќе го прогласи „Вагнер“ за терористичка организација

    spot_img

    Руската приватна воена компанија „Вагнер“ ќе биде прогласена за терористичка организација од страна на британската влада, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на нацрт-документ.

    Предлогот предвидува можност имотот на Вагнер да се категоризира како да ѝ припаѓа на терористичка организација и да се заплени. Дополнително, од гледна точка на британското законодавство, ќе стане незаконски да се биде член на „Вагнер“ и да се изразува поддршка.

    Британскиот министер за внатрешни работи Суела Браверман за Би-Би-Си изјави дека Вагнер сее „насилство и уништување… и е воено орудие на Владимир Путин“.

    – Тие се терористи, просто и јасно – истакна Браверман.

    Прогласувањето на „Вагнер“ за терористичка организација ќе значи дека сега ќе биде кривично дело во таа држава да се рекламира приватната воена компанија, да се организираат нејзините настани и да се прикажува нејзиното лого на јавни места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img