More

    Братот на осомничениот за убиството на Данка бил убиен во затворот, новите детали отвораат нови сомнежи

    spot_img

    Далибор Драгијевиќ (40), помладиот брат на осомничената за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ во Бор кое исчезна на 26 март, починал во полициска станица од насилна смрт. Српската полиција тврдеше дека на 6 април ненадејно му се слошило и дека починал од природна смрт. Како што неофицијално дознава Нова.рс од истрагата, инспекторите го излажале дури и адвокатот на Драгијевиќ кога требало да биде сослушан, а тој ден само му кажале дека Далибор бил сослушан ден претходно. Му рекле дека ќе се сретнат во обвинителството, а знаеле дека не е жив.

    Како што пишуваат српските медиуми, кога адвокатот дошол на рочиштето на Радослав и Далибор Драгијевиќ во неделата на 7 април, донел полномошно за двајцата осомничени.

    – По распитот на таткото, бранителот прашал каде е Далибор, а потоа инспекторите му рекле дека бил сослушан ден претходно, иако според соопштението на полицијата, тој починал во три часот по полноќ меѓу сабота и недела, неколку часа пред да дојде адвокатот на рочиштето. Исто така, кога прашал како е тоа можно без негово присуство, инспекторите му рекле дека Далибор Драгијевиќ истиот ден во 17 часот ќе биде сослушан кај обвинителот – изјавил извор од истрагата за Нова.рс.

    Соговорникот на српскиот портал наведува и дека Драгијевиќ, според неговите сознанија, имал повреди по телото, што подоцна било потврдено со обдукцијата. Како што откри неделникот „Радар“, сега починатиот Драгијевиќ не умрел од природна смрт, како што тврдеше полицијата, туку од насилство.

    – Имаше видливи повреди и модринки, не умре од срцев удар. Затоа беше доставен во метален сандак, односно никој не му го виде телото – додава изворот за Нова.рс.

    Српскиот неделник открива дека Далибор Драгијевиќ, братот на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, што е утврдено со обдукција на Институтот за судска медицина во Белград.

    Во судско-медицинскиот извештај на телото на Драгијевиќ биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Вештачењето е проследено до надлежното Вишо јавно обвинителство  воЗаечар на понатамошна обработка.

    Новите сознанија изнесени во српските медиуми отвораат многу прашања и внесуваат нови сомнежи во истрагата за исчезнатото девојче.

    Имајќи ги предвид наодите од Институтот за судска медицина, се поставува прашањето кој му нанел смртоносни повреди на осомничениот Драгијевиќ во полициската станица во Бор каде што кобната вечер кога починал бил на распит, но и зошто полицијата лажела и ја довела во заблуда јавноста дека се работи за природна смрт.

    Покрај неговиот брат, приведен е и таткото на осомничениот Драгијевиќ, Радослав. Тој сè уште е во притвор.

    Потрагата по девојчето Данка Илиќ е започната на 26 март откако нејзината мајка го пријавила нејзиното исчезнување од имотот во Бањско Поље во близина на Бор.

    Телото на девојчето до денес не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img