More

    Борел апелира за деекалација на конфликтот меѓу Израел и Иран

    spot_img

    Блискиот исток е „на работ на бездна“, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и повика на деескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

    Иран истрела стотици ракети и беспилотни летала врз Израел во саботата навечер во знак на одмазда за израелскиот напад врз конзулатот на Техеран во Дамаск, во кој загинаа неколку офицери на Иранската револуционерна гарда, вклучително и двајца високи команданти.

    Израел ниту ја потврди ниту ја негираше одговорноста за воздушниот напад извршен на 1 април во сириската престолнина.

    – Ние сме на работ на бездна и мораме да се повлечеме од неа. Мораме да притиснеме на сопирачките и да префрлиме во друга брзина – изјави шефот за надворешна политика на ЕУ за шпанското радио Онда Серо.

    Борел, исто така, рече дека очекува израелски одговор на иранскиот воздушен напад, но дека се надева дека тоа нема да доведе до дополнителна ескалација на конфликтот.

    Според неговите зборови, постои „длабока поделба“ во израелската десничарска владејачка коалиција меѓу тврдокорните политичари кои сакаат брутална одмазда и „поумерената и разумна“ фракција.

    Шефот за надворешна политика на ЕУ, кој доцна синоќа разговараше со министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан, рече дека ЕУ мора да одржува најдобри можни односи со Иран и покрај санкциите што Унијата ги воведе кон Исламската Република поради нејзината контроверзна нуклеарна програма и други прашања .

    – Во интерес на сите е Иран да не стане нуклеарна сила и да преовладува мир на Блискиот Исток – посочи Борел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img