More

    Од следниот месец покрај девојчињата имунизација ќе се врши и на момчињата

    spot_img

    Осовременет е Календарот за редовна имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9 која ќе биде достапна за еден месец на вакциналните пунктови. Покрај тоа што преминуваме од четиривалентна на деветвалентна ХПВ вакцина, новина од оваа година е што ќе биде достапна и за момчињата, соопшти денеска на прес-конференција, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири.

    Демири истакна дека со оваа вакцина ќе се понуди поквалитетна превенција од хуман папилома вирус (ХПВ) инфекции, за преканцерозни лезии, како за карцином на грлото на матката.

    – Се работи за успех постигнат заедно со нашите меѓународни партнери, усогласување на законската регулатива и следење на патот кон Европската Унија. Граѓаните на Европа и САД го имаат ова право веќе подолго години, сега се овозможува и кај нас. Нова вакцина, која во светот веќе се користи подолго време. Со оваа вакцина ќе понудиме поквалитетна превенција за ХПВ инфекции, како и за преканцерозни лезии, како и за карцином на грлото на матката. Ова, според истражувањата во светот каде се аплицира вакцината со години и е намален бројот на случаи – појасни министерот Демири.

    Истакна дека е важно што оваа вакцина ќе биде достапна и за младите момчиња.

    – Во рок од еден месец, во секој вакцинален пункт, ќе биде достапна за младите генерации за да бидат вакцинирани и побезбедни – најави Демири.

    Министерот го нагласи ангажманот на Министерството, кое, како што истакна, се грижи за здравјето, пред сѐ за превенцијата.

    – За заболувања за кои има вакцини, треба секое дете да биде вакцинирано. Така ќе градиме посигурен здравствен систем. Подобро е да се спречи, отколку да се лечи – подвлече Демири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img