More

    Бомба експлодирала пред конвојот на Гешев, повреден бодигард

    spot_img

    Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев во понеделникот утрото мина неповреден во експлозија на бомба на автопатот Софија – Самоков, по кој минувал неговиот штитен конвој возила.

    Властите инцидентот го оквалификуваат како обид за атентат.

    „Државниот обвинител Иван Гешев беше цел на обид за атентат, тоа не беше само обично заплашување“, изјави за новинарите неговиот помошник обвинител Борислав Сарафов.

    Властите претходно потврдија дека заштитениот конвој возила во кој бил и автомобилот со Гешев околу 11.40 часот по локално време се движел кон Софија, кога меѓу две села во близина на Самоков одекнала експлозија крај автопатот.

    Според истрагата, пламените јазици од експлозијата биле високи 4-5 метри, а на коловозот бил формиран кратер со длабочина од 30 до 40 сантиметри и пречник од 3 метри. Како што претходно објави полицијата, бомбата експлодирала пред едно возило во конвојот, а притоа е повреден припадник на обезбедувањето на обвинителот.

    „Сѐ е во ред, добро што ги сменив автомобилите во последен момент. Добро што не убија некого. Загрижен сум за децата, тие многу се исплашија“, рекол Гешев во првата изјава по инцидентот.

    Бомбата содржела само експлозив во еквивалент на 3 килограми ТНТ, како и гелери.

    „Станува збор за атентат кој го подготвиле професионалци и кој е очигледно добро изведен“, им кажа на новинарите заменикот на државниот обвинител Сарафов.

    Обвинителството отвори истрага за чинот на тероризам. Дадени се примероци од бомбата за детална анализа.

    Во 2020 година, илјадници Бугари протестираа со месеци против наводната корупција на владата на премиерот Бојко Борисов. На улиците тогаш масовно се бараше оставка од обвинителот Гешев.

    Државниот правобранител со години е познат како контроверзна личност. Го обвинуваат за заштита на луѓе на високи позиции и за попречување на истраги за можна корупција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img