More

    Аргентина во генерален штрајк: Буенос Аирес парализиран, сè затворено

    spot_img

    Аргентина го одржа вториот генерален штрајк во последните пет месеци откако претседателот Хавиер Милеи е на власт. Во главниот град Буенос Аирес јавниот превоз беше стопиран за околу три милиони патници дневно, училиштата, банките и бензинските пумпи беа затворени, а општинските претпријатија не го собираа ѓубрето.

    Синдикатите свикаа 24-часовен протестен штрајк за поддршка на пристојните плати за Аргентинците кои се борат со тешка економска криза. Годишната инфлација достигнува 300 проценти, а секој втор жител живее во сиромаштија.

    Околу 400 летови беа откажани во четвртокот, погодувајќи околу 70.000 патници, според АЛТА, асоцијација на авиокомпании во Латинска Америка.

    Пристаништето Росарио, во кое се извезуваат 80 отсто од земјоделските производи на Аргентина, е осакатено.

    По победата на изборите во ноември минатата година, Милеи вети дека ќе го елиминира буџетскиот дефицит на Аргентина и ќе ја намали инфлацијата.

    Досега ги скрати субвенциите за транспорт, бензин и енергетика, меѓу другото и отпушти илјадници државни службеници.

    Синдикатот ЦГТ го обвинува дека вовел мерки за штедење кои ги погодуваат сиромашните и пензионерите. Штрајкот беше целосно очекуван поради драстичните мерки за штедење. Најголемата досега беше на 23 април, кога околу милион луѓе протестираа против кратењето на финансирањето на државните универзитети.

    И покрај тоа, анкетите покажуваат дека тој се уште ужива околу 50 отсто поддршка кај гласачите. Неговите мерки забележаа пад на месечната инфлација од 25 отсто минатиот декември на девет отсто во април, а Милеи минатиот месец се пофали со првиот квартален буџетски суфицит на Аргентина во последните 16 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img