More

    Боксерот кој го прослави Дилета се бори за живот: Го напушти рингот и колабираше

    spot_img

    Познатиот италијански боксер Даниеле Скардина во вторникот итно беше опериран откако колабирал во соблекувалната по тренинг во Милано.

    Скардина, кој стана познат надвор од Италија и надвор од боксерските кругови по својата поранешна љубовна врска со спортската новинарка Дилета Леота, е во индуцирана кома.

    Боксерот спарираше на тренинг и сосема нормално го напушти рингот. Но тој изгубил свест во соблекувалната, а лекарите во болницата решиле дека мора итно да му биде извршена операција на главата, т.е. мозокот. По првата операција следувала втора, а неговиот живот се уште е во животна опасност.

    Скардина го претрпе својот прв пораз во кариерата во неговата последна борба минатиот мај, кога го загуби ВБО интерконтиненталниот шампионат во средна категорија од сонародникот Џовани Де Каролис.

    Покрај овој појас го држеше и појасот ИБФ како меѓународен шампион во суперсредна категорија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img