More

    Битиќи: Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции

    spot_img

    Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, во одговор на новинарско прашање за воведувањето на антикризни мерки.

    – Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар. Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално со зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена за 24 часа може да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација којашто ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби. Јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби со мерки за сите коишто тоа го имаат направено – рече Битиќи, кој денеска присуствуваше на отворање на  Саем за вработување и кариера во седиштето на Младинскиот ресурсен центар „I Can“ во Гостивар.

    Вицепремиерот за економски прашања, за антикризните мерки нагласи дека Владата предвидела одредени финансиски средства со ребалансот, што според него е околу 73 милиони евра.

    – Веќе ги правиме сите анализи, штом се изгласа ребалансот сметам дека ќе бидат донесени, но антикризните мерки нема да бидат мерки коишто се сеопфатни. Мора да бидат таргетирани за специфични целни групи коишто се најзагрозени и компании коишто се најзагрозен – кажа Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img