More

    Битиќи бара побрзо да се донесе Законот за нефер трговски практики

    spot_img

    Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по денешниот состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата Владимир Наумовски.

    – Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме – изјави вицепремиерот Битиќи.

    Според него, донесувањето на Законот за нефер трговски практики е решението за ваквото однесување на пазарот.

    Тој додаде дека  податоците во овој момент не укажуваат дека се потребни мерки кои директни би требало да го помогнат стопанството., но како што рече, се прават анализи дали можеби ќе има потреба од такви мерки.

    – Антикризните мерки не се носат за трговците, за да нешто некој некаде калкулира. Антикризни мерки ќе се донесат за граѓаните, да им се помогне на тие кои најмногу денес им е потребно. Сакаме да се справиме со последиците затоа што причините институционално ќе ги решаваме. Последиците се тие, денес штетата најголема ја трпат крајните корисници и затоа сметаме дека треба таму да се насочиме со мерки – рече Битиќи.

    Тој очекува дел од мерките да почнат да се применуваат од ноември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img