More

    Белата куќа ковa план за „црни денови“ во Израел и во Либан

    spot_img

    Белата куќа, наводно, му наредила на Министерството за одбрана да започне со подготовка на планови за „најлошото сценарио“ на Блискиот Исток. „Вашингтон пост“доцна во понеделникот напиша дека тоа сценарио би значело дека ќе мора да се евакуираат 600.000 американски граѓани кои се во Израел и во Либан.

    Весникот цитира четири официјални лица во врска со оваа информација. Тие вели дека во планот се вклучени највисоките американски функционери, но тој е таен за да не се создаде паника кај американските граѓани.

     

     

    Во меѓувреме светот трепери пред можната копнена инвазија на Израел во Газа, која Израел ја најавува, а која може да предизвика одговор од околните муслимански земји и да ја прошири војната на Блискиот Исток.

    Иако тврдењата изнесени на социјалната мрежа Икс не се официјално потврдени, познато е дека Стејт департментот веќе наредил евакуација на персоналот од американската амбасада во Ирак, а исто така го подигнале и нивото на предупредување за граѓаните на САД да не патуваат на Блискиот Исток под какви било околности.

    Им било кажано дека може да бидат нападнати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img