More

    Бектеши: Подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека веќе е подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември.

    Како што истакна Бектеши, одговaрајќи на прес-конференција во Владата, во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар.

    – Со министерот Бесими креираме мерки и за малите компании кои се на слобдниот пазар. За производителите на основните продукти, како леб и масло за јадење, Министерството за економија само што подготви мерка која треба да се операционализира од 1 декември – напомена Бектеши.

    Тој уште еднаш објасни дека целта е да се намали цената на набавките за основните производи, за да се спречи нивно поскапување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img