More

    Балотели се враќа во репрезентацијата? Сака да игра на ЕП, тврди дека е најдобар во Италија

    spot_img

    Италијанските фудбалери во последното коло од квалификациите за ЕП се пласираа на големото натпреварување, а таму би можеле да добијат засилување во форма на Марио Балотели.

    Италија во последното коло одигра нерешено со Украина (0:0), а Балотели ја коментираше играта на напаѓачите од неговата земја.

    „Ако сум здрав, се сметам себеси за најдобриот напаѓач што го има Италија. Распадори и Скамака играа против Украина и колку пати шутираа кон голот? Двајца? Сакам да се вратам во репрезентацијата. Се надевам на покана. Неколку пати се сретнав со тренерот Спалети. Нешто се пошегувавме кога се сретнавме во Неапол, но ништо не разговаравме за ова“, изјави Балотели за ТВ Плеј.

    Балотели (33) последен пат за Италија играше пред пет години. Има вкупно 36 настапи и 14 голови. Моментално е член на турската Адана Демирспор за која сезонава постигна три гола. Во својата кариера настапуваше за Интер, Милан, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Олимпик Марсеј…

    Италија ќе ја брани европската титула освоена во 2021 година во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img