More

    Киев усвои нови закон со кој се овозможува нивно регрутирање

    spot_img

    Илјадници украински затвореници бараат да ѝ се приклучат на армијата, соопшти денеска Киев, по одлуката на Парламентот со која се овозможуваат некои категории затвореници да се приклучат на вооружените сили.

    – Има повеќе од 3.000 луѓе. Ова го предвидовме пред усвојувањето на овој закон – наведе заменик-министерката за правда Олена Висоцка.

    Таа додаде дека властите идентификувале 20.000 подобни затвореници и дека од нив 4.500 изразиле интерес да се приклучат на армијата.

    Согласно новиот закон на украинската армија може да ѝ се приклучат само затвореници на кои им останаа помалку од три години од казната. На мобилизираните затвореници им се дава условно ослободување наместо помилување.

    Меѓу оние кои немаат право да служат во армијата се лица кои се прогласени за виновни за сексуално насилство, убиство на две или повеќе лица, сериозна корупција и поранешни високи функционери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img