More

    Бајден и на Мекарти не им е до славење, договорот допрва треба да се гласа

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден и лидерот на републиканското мнозинство во Конгресот, Кевин Мекарти, постигнаа начелен договор по тешките преговори за зголемување на лимитот на американскиот јавен долг од 31,4 трилиони долари. Ова ќе го спречи банкротот на владата. Рокот за постигнување на договорот беше 1 јуни,

    Но, договорот беше објавен без никакво славење, што покажува колку тешки биле разговорите и дека договорот допрва треба да се протурка низ Претставничкиот дом и Сенатот, пренесува Индекс.

    Договорот е важен чекор напред, но е и компромис

    – Само што бев на телефон со претседателот. По неколку месеци кога тој губеше време и одбиваше да преговара, денеска постигнавме начелен договор достоен за американскиот народ – рече Мекарти.

    – Договорот е важен чекор напред, но е и компромис. А тоа значи дека нема секој да го добие она што го сака. Тоа е одговорност на владеењето – рече Бајден.

    Договорот ќе го зголеми законскиот лимит на јавниот долг на САД, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари, за две години. Сè уште треба да се разработат некои детали, но Мекарти очекува законот да биде напишан во недела и би можел да се гласа во среда.

    Тој за новинарите изјави дека договорот вклучува историско намалување на јавната потрошувачка и додаде дека нема да има нови даноци и нови владини програми.

    Не беше постигнат договор за плафонот за задолжување на државата

    Доколку Бајден и Мекарти не постигнеа договор за зголемување на плафонот на националниот долг, кој моментално изнесува 31,4 трилиони долари, Соединетите држави ќе се најдеа во ситуација да не можат да ги исполнат или да доцнат со своите финансиски обврски, без разлика дали тоа се однесуваат на платите, пензиите или компензацијата на државата кон нејзините доверители.

    Според економистите, ова невидено сценарио би било синоним за голема рецесија и колапс на пазарот во САД, со можна „зараза“ која би се проширила на целата глобална економија.

    Што сакаат републиканците, а што демократите?

    Бајден, Мекарти и нивните тимови мораа многу внимателно да најдат компромис за да го поминат низ поделениот Конгрес, каде републиканците на Мекарти имаат мнозинство од Претставничкиот дом со 222-213, а демократите на Бајден го контролираат Сенатот со тесно мнозинтво од 51-49.

    Најтешко ќе биде да се задоволи десното крило на Републиканската партија, кое сака остри кратења на јавната потрошувачка, и левото крило на Демократската партија, кое, пак, би го намалило долгот со повисоки даноци за богатите и за компаниите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img