More

    Бајден го одобри испраќањето американска касетна муниција во Украина

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден го одобри испраќањето американска касетна муниција во Украина, а повлекувањето на оружјето од залихите на американското Министерство за одбрана треба да почне денеска.

    Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека со овој потег ќе се заобиколи американскиот закон што забранува производство, употреба или пренос на касетна муниција со стапка на неуспех поголема од еден процент.

    Ова оружје, што првпат било употребено за време на Втората светска војна, во поширок радиус исфрла голем број мали бомби и е озлогласено по тоа што е многу смртоносно за цивилното население.

    Касетната муниција, исто така, е забранета со светската Конвенција за касетна муниција од 2008 година, која САД, Русија и Украина не ја потпишаа.

    Во текот на последната година драстично се смени ставот на администрацијата на Бајден за обезбедувањето на Украина со касетна муниција. Во декември портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД се загрижени поради испраќањето на контроверзното оружје, што е забрането во повеќе од 100 земји бидејќи неексплодираните убојни средства на крајот можат да убијат цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img