More

    Аца Лукас: На Беовизија се украдени 100.000 гласови, има докази

    spot_img

    Српскиот фолк-пејач Аца Лукас гостувајќи во утринската програма на ТВ Прва рекол дека има докази дека на овогодинешниот музички натпревар за песна за Евровизија, Беовизија, биле украдени СМС-гласови, кои требало да одат во хуманитарни цели.

    Поради тоа пејачот, како што вели, ќе поднесе кривична пријава против директорот на јавниот сервис и уредничката на Забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ, како и против петте членови на жирито.

    – Имаме докази дека се украдени најмалку 100.000 гласови. Каде отидоа тие пари? Поднесуваме кривична пријава за трговија со влијание против уредничката на Забавната програма, како и кривична пријава за организиран криминал против директорот на РТС, главните уредници и пет членови на жирито. Имаме докази дека жирито е инструирано да гласа – рекол Лукас.

    Тој тврди дека не рекол дека Оливера Ковачевиќ ги зела парите за да ја победи Сара Џо, како што претходно пишувало во медиумите, туку дека сака да знае каде отишле парите од пораките.

    – Одамна знаев дека Оливера Ковачевиќ ги зела парите за победата на групата „Huriccane“ на претходната Беовизија, но сега утврдивме. За 15 дена ќе поднесам кривична пријава, имам тројца сведоци – рекол Лукас. додавајќи:

    – Не се лутам што изгубив, но РТС е моја и ваша, исто колку и нивна. Не сакам никој да се зафркава со мене. Немојте да правите будали од нас. На кој начин ја организирате измамата, каде отидоа парите од пораките? – прашал Лукас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img