More

    Арсовска на приватните превозници им должи точно толку колку што бараат -1,5 милиони евра!

    spot_img

    Манипулациите и обвинувањата на градоначалничката Данела Арсовска пропаднаа во вода, велат приватните превозници, откако инспектори на Управата за јавни приходи констатиралe дека ЈСП Скопје навистина им ја должи побаруваната сума.

    Двете компании тврдат дека Град Скопје им должи околу 1,5 милиони евра – на „Макекспрес“ 30 милиони денари  и на „Слобода Превоз“ 62 милиони денари.

    Во разговор за Плусинфо, сопственикот на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски, открива дека инспектори на УЈП два дена ги проверувале документите на неговата компанија и на „Макескпрес“, како и на Јавното сообраќајно претпријатие, при што бил констатиран долгот на ЈСП Скопје кон приватните превозници.

    – Вчера го добивме записникот од УЈП, во кој може дека нема никаков криминал, како што обвинуваше Арсовска, нема никакви дејствија надвор од договорните односи меѓу нас и ЈСП и Градот Скопје. Во записникот е констатиран долгот од увидот во целата сметководствена документација, со точната сума која претходно ние ја побарувавме – вели Јовановски.

    Тој додава дека премиерот Ковачевски сега ги има фактите на маса и го повикува него и државата зошто градоначалничката Арсовска манипулира со јавноста и ги доведе граѓаните на Скопје во ваква состојба, но и приватните превозници, при што направи вистински хаос во главниот град.

    Премиерот Димитар Ковачевски пред два дена рече дека ќе има состанок со приватните превозници, но откако ќе ги добие податоците од УЈП за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу превозниците, ЈСП и Град Скопје.

    – Ги очекувам податоците од Управата за јавни приходи, бидејќи кажав дека дискусијата со превозниците мора да се базира на факти. Кога ќе ги добиеме податоците за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу ЈСП, приватните превозници и Градот Скопје, тогаш ќе можеме да организираме еден таков состанок, на кој ќе може одблиску да се запознаеме со проблемот. Но, тоа не значи дека како Влада влегуваме во какво било преземање на надлежностите на Градот Скопје, бидејќи, како што можам да се информирам од медиумите, градот Скопје веќе има почнато постапка за доорганизирање на системот на јавен превоз. Тоа се информации само од медиумите, со оглед на тоа дека немаме координација со Град Скопје – рече Ковачевски.

    Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во интервју за „360 степени“, вината за сообраќајната парализа од изминатите денови ја лоцира кај „Слобода превоз“, зашто, како што рече, сите пари ЈСП ги исплаќало кон ова правно лице, со кое имало склучен договор.

    На прашањето дали им должи ли колку им должи ЈСП на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, градоначалничката одговори:

    – Јас на телевизија видов луѓе што изјавија дека по неколку месеци не им е исплаќано. Граѓаните треба да знаат дека Град Скопје има договор само со едно правно лице и нему континуирано му се исплаќа, а еве ги секојдневните исплати. Е сега, како, колку и дали тоа правно лице исплаќало, ние не знаеме. До 8 ноември, додека не почнаа овие протести и блокади, ЈСП редовно си исплаќаше до „Слобода превоз“. Ние знаеме колку средства се исплатени и институциите си имаат начин да постапат и да се види која е вистината. Оној што ја направи целата збрка, реши да се повлече, да се изолира и тоа доволно кажува. Ниту еден од овие луѓе кои велат дека сакаат чесно да си го заработат лебот нема да дозволиме да останат на улица. Но, некој да манипулира, да тера политика преку нив и да се обидува да го парализира градот, тоа нема да го дозволиме, особено не со закани и со уцени – порача Арсовска.

    Инаку, хаосот и кризата во јавниот превоз во Скопје продолжува, а според двата објавени јавни повици на градот му фалат скоро 50 автобуси и над 100 возачи. Град Скопје првично објави јавен повик за линиите 20 и 22, а потоа беше објавен и втор за избор на приватни превозници кои ќе бидат дел од јавниот превоз, овој пат за линиите 9, 11 и 12.

    – Понудите ќе се оценуваат според возниот парк, човечките ресурси, техничката логистика, искуството во вршење на општински линиски превоз на патници – пишува во огласот на ЈСП.

    Од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ се согласни дека на јавниот повик од Град Скопје за понудените линии нема да се пријават поединечно приватните превозници, затоа што, како што велат, прво чекаат да им биде исплатен првичниот долг што го има ЈСП Скопје кон нив, па потоа да одлучат дали ќе учествуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img