More

    „Американците на 82 години во просек имаат уште 7 години живот“

    spot_img

    Доколку биде реизбран догодина во САД, американскиот претседател Џо Бајден ќе има 82 години, а статистиките на просечниот маж на оваа возраст му даваат уште 6 до 7 години живот, пишува колумнистот Ентони Цурчер за Би-Би-Си. Исто така, тој би имал 8 отсто шанси за смртност во следната година. Пред четири години, возраста не беше пречка Бајден да го победи Трамп. Дали таа ќе биде проблем сега?

    „Како во старата поговорка „времето не ги чека мажите“, за Бајден тоа ќе биде проблем“, се вели во написот.

    Колумнистот потсетува дека втор поддржувач на демократите во САД мисли дека Бајден треба да бара нов мандат, а седум од десет Американци го делат истиот став.

    Политичкиот консулатнт Боб Шрум смета дека видеото кое неодамна Бајден го пушти во јавноста нема да биде доволно за една енергична кампања. Но, возраста на претседателот, смета тој, може да биде доведена во прашање само ако се случи некој инцидент или гаф, на кој чекаат опозиционерите од Републиканската партија.

    Лани 54 републиканци во Претставничкиот дом потпишаа писмо до Белата куќа во кое изразија „загриженост“ за когнитивната состојба на Бајден и бараа тој да направи тест за деменција. Во писмото се наведени голем број погрешни чекори и погрешни изјави на Бајден за време на неговото претседателствување.

    Видеа од гавофите и сопнувањата на Бајден често беа користени на митинзи на Доналд Трамп.

    – Џо Бајден не може јасно да зборува. Тој не може јасно да размислува – рече г-дин Трамп кога го претстави видеото на октомврискиот митинг во Аризона.

    Она што е ново е дека на следните избори Бајден ќе ја има привилегијата да се вози во авионот ЕрФорсУан со зголемено обезбедување за разлика од неговите противкандидати кои со возила ќе одат на митинзи во снежните северни делови на земјата.

    Аналитичарот Боб Шрум потсетува дека 88 отсто од демократите се изјасниле дека ќе го поддржат Бајден на изборите.

    – Бајден секогаш е потценет. Бајден беше потценет во 2020 година. Луѓето го отпишаа по првите неколку прелиминарни избори, а потоа тој убедливо победи на прелиминарните избори – заклучува Шрум.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img