More

    Американските Евреи бараат прекин на конфликтот во Појасот Газа

    spot_img

    Околу 500 американски Евреи, меѓу кои и дваесет рабини, беа уапсени откако упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за време на протестот против израелско-палестинската војна.
    Од „Еврејскиот глас за мир“, една од организациите која стои зад протестот, велат дека тоа е „најголемиот еврејски протест во знак на солидарност со Палестинците во историјата на САД“ и додаваат дека полицијата во Капитол  ги искинала транспарентите „Мир сега“ што ги носеа демонстрантите.
    Покрај тие транспаренти, демонстрантите носеа и маици „Не во наше име – Евреите велат сега примирје“ пееја и изговараа молитви на хебрејски, велат од организацијата.

    Повеќе од 300 демонстранти синоќа упаднаа во зградата на Капитол Хил во Вашингтон, барајќи прекин на конфликтот во Појасот Газа. Протестот, заеднички организиран од организацијата „Еврејски глас за мир“ (ЈВП) и групата „Ако Не Сега… “ започна напладне пред зградата на Капитол Хил.
    Во зградата се сместени неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот на САД, а полицијата на Капитол веднаш објави дека не се дозволени демонстрации во конгресните згради.
    Демонстрантите го повикаа Конгресот да преземе акција за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас.
    „Бараме да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ – со помош и поддршка на владата на САД. Коренот на насилството е угнетувањето, а ние сме тука да кажеме – не во наше име! Единствениот пат до мир и безбедност е да се обезбеди правда и еднаквост за сите. А тоа значи ставање крај на илегалната окупација на Палестина од страна на израелските власти. Бараме примирје“, се наведува во соопштението на организацијата.

     

    Откако Хамас започна напад на израелска територија претходно овој месец, администрацијата на Бајден во голема мера ги оправда воздушните напади на Израел врз Газа.
    Меѓутоа, како што се зголемува бројот на жртвите во Појасот Газа, се зголеми притисокот во Конгресот врз претседателот Бајден да го повика Израел на воздржаност, пишува порталот The Hill.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img