More

    Американскиот државјанин Расел Бентли, познат по тоа што се борел на страната на проруските сепаратисти во источна Украина, меѓу 2014 и 2017 година, загинал во Доњецк

    spot_img

    Американскиот државјанин Расел Бентли, познат по тоа што се борел на страната на проруските сепаратисти во источна Украина, меѓу 2014 и 2017 година, загинал во Доњецк, објави Гардијан.

    „Расел Бентли, познат како „Тексас“, вистински Американец, навистина од Тексас, почина во Доњецк“, објави на социјалните медиуми шефицата на режимската руска телевизија РТ, Маргарита Симонијан.

    Баталјонот „Восток“, за кој се борел Бентли, потврдил дека е убиен без да прецизира под кои околности.

    Според руските медиуми, Американецот исчезнал на 8 април кога отишол да им помогне на жртвите од украинскиот бомбашки напад во Доњецк.

    Расел Бентли (64) е роден во Тексас и работел таму пред да се пресели во Доњецк и да им се придружи на локалните проруски сепаратисти во борбата против киевските сили што започна во 2014 година.

    Во 1990 година, како помлад, Бентли се преселил во Минеаполис. Првично работел како дрвосечач, но потоа решил да продава марихуана. Станал активист за марихуана, приклучувајќи се на Националната организација за реформа на законите за марихуана и на партијата за декриминализација на марихуаната, Грасрут, пишува на Тексас мантли.

    Тој прославил како самопрогласен комунист кој го привлекол глобалното внимание во 2022 година со серија изјави и видеа за неговата намера да ја „ослободи Украина од нацистите“. Тој добил и руско државјанство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img