More

    Американската пејачка Тејлор Свифт беше главна ѕвезда на овогодинешниот Супербол, а камерите го следеа секое нејзино движење

    spot_img

    Американската пејачка Тејлор Свифт беше главна ѕвезда на овогодинешниот Супербол, а камерите го следеа секое нејзино движење.

    На интернет сега се шири видео од поп-ѕвездата како испива во еден здив пиво на стадионот „Алегиант“ во Лас Вегас.

    „Тејлор Свифт штотуку го испи пијалакот на екс“, пишува во описот на видеото на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, кое за само неколку часа собра повеќе од пет милиони прегледи.

    „Убаво е да се види дека таа е како нормалните луѓе“, „Таа нè претставува сите нас“, „Многу се забавуваше“, се дел од коментарите.

    На другите им пречеше тоа што „промовира“ алкохол.

    „Ова не е добар пример за девојчињата“, „Промовирањето на алкохол ‘супер’ ќе влијае на децата“, пишуваат тие.

    Инаку, Свифт пристигна во друштво на своите пријателки, актерката Блејк Лајвли и пејачката Ајс Спајс, а од трибините навиваше за своето момче. Во ложата беа и родителите на Келче како и неговиот брат Џејсон со сопругата Кајли, а пејачката беше снимена како напнато го следи натпреварот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img