More

    Карлсон откри што му кажал рускиот претседател во неформален разговор по интервјуто

    spot_img

    Американскиот новинар Такер Карлсон, кој неодамна го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека рускиот лидер сака да „излезе од војната“  и дека е подготвен за „сериозен компромис“ во однос на Украина.

    На Самитот на светските влади во Дубаи, како што пренесува украинскиот портал Страна на својот канал Телеграм, Карлсон рекол дека по интервјуто имал неформален разговор со претседателот на Русија.

    – Путин сака да излезе од оваа војна. Нема да станат поотворени за преговори ако војната трае подолго. Индустрискиот потенцијал на Руската Федерација се покажа многу посериозен отколку што мислевме. Земјата што ја нарекувавме „бензинска пумпа со нуклеарно оружје“ произведува проектили и гранати за разлика од НАТО – рекол новинарот.

    Самитот беше пренесен на социјалната мрежа Х.

    – Се разбира – одговорил Карлсон на Самитот на светските влади во Дубаи, на прашањето дали Путин би бил подготвен за компромис.

    Според ТАСС, новинарот истакнал дека лидерите на сите земји на планетата се принудени на компромиси поради природата на нивната работа.

    – Тоа е она што се нарекува дипломатија, а меѓу нив е и Путин – нагласил Карлсон.

    За време на неодамнешно интервју, Путин му рекол на Карлсон дека сака со преговори да стави крај на конфликтот во Украина. Тој исто така рекол дека Украина одлучила да ги одбие преговорите со Русија според инструкциите на Вашингтон и дека сега САД мора да ја исправаат таа грешка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img