More

    Алијансата бара и Јужна Кореја да се вклучи во воената поддршка

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави синоќа дека Русија се обидува да ја продолжи војната и дека Украина треба да ги забрза настаните и снабдувањето со оружје.

    -Денеска се одржа уште еден состанок на државниот воен врв. Главниот фокус е, се разбира, ситуацијата на фронтот. Пред сè, во регионот Доњецк и во јужните правци. Ситуацијата е многу тешка. Бахмутски, Вугледарски и други правци во регионот на Доњецк се под постојани руски напади. Има постојани обиди да се наруши нашата одбрана. И покрај бројните загуби во жива сила, непријателот одржува висок интензитет на напади – рече Зеленски.

    Тој истакна дека е многу важно да се одржи „динамиката на одбранбената поддршка” на украинските партнери, а брзината на снабдување со оружје „била и ќе биде еден од клучните фактори во војната”.

    -Русија се надева дека ќе ја продолжи војната, ќе ги исцрпи нашите сили. Затоа времето мора да го направиме наше оружје. Треба да ги забрзаме настаните, да го забрзаме снабдувањето со оружје. Оваа недела имавме добри резултати со САД, Германија, Полска, Канада, Белгија, Норвешка, Италија… Мораме да ја направиме следната недела подеднакво успешна за нашата одбрана – истакна Зеленски.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика денеска Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина, наведувајќи други земји кои ја промениле својата политика на недавање оружје за земјите во конфликт по руската инвазија.

    – Ако не сакаме победа на автократијата и тиранијата, тогаш (Украинците) имаат потреба од оружје, тоа е реалноста – рече тој.

    Минатата година, Јужна Кореја ја отвори својата прва дипломатска мисија во НАТО, ветувајќи дека ќе ја продлабочи соработката во неширење оружје, сајбер одбрана, борба против тероризмот, одговор при катастрофи и други безбедносни области.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата земја нема да испраќа борбени авиони во Украина, во момент кога Киев бара од Западот што повеќе оружје за да се спротивстави на руската инвазија.

    По неколку недели двоумење, Берлин минатата недела одлучи да испрати 14 тенкови „Леопард 2″, од германско производство, во Украина и да им дозволи на другите европски земји да ги испорачаат нивните тенкови во Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img