More

    Актерката имала 21 номинација за Оскар, но само еднаш била на Канскиот фестивал

    spot_img

    Познатата 74-годишна американска актерка Мерил Стрип ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

    Холивудската актерка, со рекордна 21 номинација за престижниот Оскар, само еднаш била на Канскиот фестивал пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“, во кој игра, добил една од наградите на Канскиот фестивал.

    Мерил Стрип освои 3 Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

    Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

    Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

    Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img