More

    Ако не ги намалат цените за десет дена компаниите ќе ги загубат субвенциите за струја

    spot_img

    Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените. Во спротивно, владата ќе им ги укине субвенциите, а парите наменети за оваа мерка ќе им ги даде на граѓаните, објави Сител.

    Државниот пазарен инспекторат веќе работи на извештајот кој ќе покаже кој ќе остане без поволноста да плаќа 80 евра за мегават потрошена електрична енергија. Од над 200 производители на основни прехранбени производи, само мал дел ги намалија цените, и тоа за денар или 2. На прсти се бројат и компаниите чии производи поевтинија од 7 до 13 отсто.– Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите, подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки – рече министерот за економија Крешник Бектеши.

    Во меѓувреме, пазарна на терен проверува дали трговците ги почитуваат законите. За 10 дена казнети се 150, кои треба да платат 86 илјади евра. Најголем дел од нив, 79 не го почитувале законот за финансиска дисциплина, односно не си ги плаќале обврските кон компаниите и дистрибутерите. За непочитување на органичувањето на маржите пак, пазарна изготвила 45 прекршочни платни налози. И додека граѓаните го чекаат најавеното поевтинување на основните производи, оние со подлабок џеб се уште купуваат тартуфи и перки од ајкула со понизок данок. Најавената даночна реформа која требаше да стартува од 1 јануари, каде полуксузните производи наместо со 5 беше најавено дека ќе се даночат со 10 отсто – сѐ уште ја нема. Образложението од надлежните е дека се уште се работи на листата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img