More

    48-часовен притвор за осумничените за киднапирање на внукот на Љубе Бошковски!!!

    spot_img

    В.М. и С.Ч. вечерва добија 48-часовен притвор по барање на Основното јавно обвинителство Скопје под сомневање дека имале улога во киднапирањето на 26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски.

    Основното јавно обвинителство Скопје попладнево достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот на ОЈО.

    Во интерес на постапката, нагласија од таму, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент.

    Трагата на Костадиновски му се губи на 4 март кај Амбасадата на Чешка, а неговото исчезнување го пријавил неговиот брат. Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен од 6 март.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img